Често се водат полемики околу тоа колку е важна староста на пневматиците при купувањето и во кој рок продавачите треба да ги повлечат пневматиците од продажба. Се почесто се сретнуваат
погрешни информации за векот на траењето на автомобилските гуми и мислењето дека тоа е побитно од нивниот профил. Токму затоа, на овие тврдење се одѕваа бројни стручни гумарски
ревии и магазини, производители на пневматици и национални здруженија на дистрибутери, односно вулканизери во најголемите европски држави. Сите се согласија дека особено внимание треба да се посвети на длабочината на профилот и начинот на складирањето на автомобилските гуми, додека нивната старост, односно датумот на производство, не е толку важна.

Стручни препораки
Националното здружение на дистрибутери на пневматици NTDA во Велика Британија и Сојузот на германската гумарска индустрија тврдат дека пневматиците можат да се продаваат 5 години од датумот на производство, додека Јапонското гумарско здружение (ЈАМТА) препорачуваат замена на гумите постари од 10 години од денот на нивното производство. Кон ова се придржуваат поголемите производители на пневматици, додека производителите на автомобили препорачуваат замена на пневматиците после 6 години.
Препораки на Goodyear
На ова спорно прашање во поглед на векот на траење на автомобилските пневматици се огласија и производителите. Goodyear како еден од најголемите светски производители на пневматици, тврди дека пневматиците по својата конструкција можат да издржат огромни сили и оптеретувања, изложеностна сончева светлина и работни температури во нивниот целокупен век на траење. Складираните и употребувани пневматици ги задржуваат своите добри карактеристики доколку се правилно одржувани, не се изложени на лоши услови и се чуваат во соодветни магацини.
Факт е дека нема научни, односно технички податоци на чија основа би се утврдила горната граница на старост на новите неупотребувани пневматици за патнички и теретни возила.
Ставот на Goodyear го поддржуваат две гумарски здруженија, RMA и ETRMA и Европското здружение на производители на пневматици.